Детален преглед за работата на бирото изработен во микрософт ексел можете да погледате или снимите од атачментот кој е во соостав на овој текст.  

wcaa_z35mНа 18.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M ја освои дипломата WCA-A која што меѓународниот радиоаматерски програм WCA - World Castles Award ја издава на радиооператори кои што оствариле радиоаматерски активирања од најмалку пет тврдини.

z31jy mileРоден 1926 год. во с. Лисолај, битолско, сега жител на Скопје, Миле Секуловски, Z31JY е најстар радиоаматер во Македонија кој што непрекинато е активен на радиоаматерските опсези скоро шест децении.

Учесник во НОБ од 1944 година кога после ослободувањето на Скопје посетува воен радиотелеграфски курс. По завршувањето на воениот рок во 1947 година, се вработува како телеграфист и телепринтерист во поштата во Битола каде што службува 12 години.

Повеќе...

На ден 16.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Бункери на сртот на планината Водно, WCA реф. Z3-00013.
За период од еден час со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 5 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 4,5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 31 телеграфски радио врски.

Повеќе...

mk vodno invНа ден 15.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Маркови Кули на падините на планината Водно, WCA реф. Z3-00009.
За период од час и половина со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 7 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 59 телеграфски радио врски.

Повеќе...