2009 г. - Првото SOTA активирање во Македонија
- Детали
- Објавено: 17 Септември 2010
Првото активирање во Македонија од планински врв, во рамките на меѓународната радиоаматерска програма SOTA - Summits on the air, реализирано е од Владо, Z35M на 02.05 2009 год. од Тополчански Рид, 848 м.н.в., Z3/WM-048, кој се наоѓа во пелагониската котлина. Работено е со радиоуред Alinco DX-70T со излезна моќност од 5 W и Inv - Vee дипол антена подигната со 5 м рибарски стап, при што на 7, 10 и 14 МХз остварени се вкупно 51 телеграфска радиоврска.