Записник од редовното годишно собрание одржано во Штип

Записникот од редовното годишно собрание одржано во Штип на 24.03.2019 година е достапен тука.

Материјали за редовно годишно Собрание 2019

Почитувани,

Во прилог на овој текст се достапни материјалите за Редовното Годишно Собрание 2019

Повеќе: Материјали за редовно годишно Собрание 2019

Редовно Годишно Собрание на РСМ

Врз основа на член 18 и член 27 од Статутот на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, и во консултација со Извршниот одбор, претседателот на РСМ свикува Редовно Годишно Собрание на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.

Собранието ќе се одржи во недела, на 24 март 2019 година во Штип, во Големата сала на Општината, со почеток во 10:30 часот.

Повеќе: Редовно Годишно Собрание на РСМ

Пријавени учесници за YOTA летен камп

До 20.01.2019 беше рокот за пријавување учесници за летниот YOTA камп Софија 2019. Координаторот Z32U ја објави следната информација:

Рокот за поднесување апликации за летниот камп на YOTA во Софија заврши, примени се следниве четири:
Ване Јованов Z31VAJ Неготино
Велјан Ѓорѓиов Z33C Кавадарци
Андреј Ферџо Мицков Z33RTF Битола
Андреј Антуновиќ Z35TUN Битола
Истите ќе бидат пријавени во YOTA и БФРА за учество во кампот.
Како највозрасен и со лиценца од А класа Велјан Ѓорѓиов е тим лидер.

Зоран/Z32U

YOTA летен камп Софија 2019

IARU R1 YOTA оваа година организира 9ти по ред летен камп во близина на Софија, Бугарија од 11-17 Август 2019 година. Секоја федерација членка на IARU може да испрати тим од пет члена, од кои еден е тимлидер. Возраста е од 15-25 години за членовите на тимот, а 18-30 години за тимлидерот. 
РСМ ги повикува сите заинтересирани јангстери кои ги исполнуваат условите да ја пополнат приложената апликација и да ја испратат на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 20ти јануари за да може да се направи селекција. Пријавувањето на тимовите трае до крајот на јануари. Подетално за условите и за програмата на летниот камп на следниов линк https://www.ham-yota.com/call-for-application-youngsters-on-the-air-bulgaria-2019/

Апликација

Вие сте на: Почетна Разно