2001 г. - Златен медал во ХСТ на Светско првенство - женска конкуренција
- Детали
- Објавено: 22 Август 2010
1999 г. - Медал во ХСТ на Светско првенство - машка конкуренција
- Детали
- Објавено: 22 Август 2010
1991 г. - Прв прирачник за аматерска радиогониометрија
- Детали
- Објавено: 22 Август 2010
Во 1991 година Радио Клубот „Млад Техничар“ – Z37CYZ од Скопје издава „Прирачник за аматерска радиогониометрија“ од авторот Јоле Јолески – Z31JJ.
Во прирачникот авторот ги обработува сите елементи на оваа радиоаматерска дисциплина од основните поими и дефиниции, потребната опрема, топографијата, орентација на терен, организација на натпревари, правилата и тактиката на натреварување, физички подготовки, и др. Текстовите се збогатени со прилози, цртежи, скици и табели.
2009 г. - Радиоаматерска врска преку месечината на 6 м опсег
- Детали
- Објавено: 22 Август 2010
Радиоамaтерот од Битола, Тодор Тодоровски – Z31RM во 2009 година ја оствари првата радиоаматерска врска на опсегот од 6 м (50 MHz) со одбивање на сигналот од површината на месечината (Earth – Moon – Earth: E-M-E).
Радиоврската е оддржана со претходно закажување со американскиот радиоаматер R. Lance Collister - W7GJ од сојузната држава Монтана, кој во оваа прилика користел предавател со моќност од 1,5 KW и антенски систем составен од 4 х 9 елементи Yagi за 50 MHz, додека Тодоровски за оваа прилика користел скромна опрема составена од 6 елементeн Long Yagi за 50 МHz, подигнато на јарбол висок 6 м, и моќност на предавателот од само 200 W.
Користен е дигиталниот вид на емисија ЈТ65 кој е многу погоден за декодирање при слабеење на сигналот дури до вредности од минус 32 Db. Како погодна локација за оддржување на радиоврската бил одбран спортскиот аеродром во близина на Битола, додека американскиот радиоаматер работел од својата добро опремена домашна локација.
Oддржувањето на радиоврски со одбивање на сигналот од месечината e eдна од специјалностите на битолските радиоаматери, така што уште од порано од локацијата на радио клубот „Стево Патакот“ во центарот на Битола се оддржувани Е-М-Е радиоврски на опсегот од 2 м (144 MHz).
1991 г. - Радиоаматерска врска од независна Република Македонија
- Детали
- Објавено: 22 Август 2010
Првата радиоаматерска врска од независна Република Македонија остварена е во првите минути на 8-ми септември 1991 год. на 40 м опсег помеѓу Владо, YU5KV (Z35M) и британецот Верн, G3IUS.