2005 г. - 138 КХз експериментални врски

Во првата половина на јануари 2005-та во Македонија за првпат експериментално се работеше на фреквенција од 138 КХз. Иницијативата на Тео-YU7AR да заедно со радио клубот од Штип организираат активност на фреквенција од 138 КХз вроди со плод во првата половина на јануари 2005-та година. За таа цел од агенцијата за електронски телекомуникации е добиена посебна дозвола за првото експериментално работење на оваа екстремно ниска фреквенција.

По завршените формалности Тео пристигна со неколкумина познати радиаматери од Војводина: Војо-YU7AV, Љубе-YU7AU и Лаци-YU7CM кои заедно со домаќините: Крсте-Z31GX, Момо-Z31MM, Зоки -Z33F, Диме-Z35Z и Венцо-Z36W ја започнаа и успешно ја реализираа оваа активност.

Поради специфичноста на многу ниските фреквентни опсези е потребна специјално изработена опрема која бара многу знаење и технички можности и затоа многу ретко во светот се користат како за професионални така и за радиоаматерски цели.

Бидејки ова беше прва ваква активност во Македонија предизвика интерес и кај други радиоаматери од државата па пристигнаа и радиоаматери од Гевгелија (Џоко-Z33A, Благој-Z35F, Венци-Z39Z и Златко-Z30A) да се запознаат со начинот на кој се работи на оваа фреквенција.

Вие сте на: Почетна Најпрво во Македонија 2005 г. - 138 КХз експериментални врски