1993 г. - Членство во ИАРУ

На 9-ти јули 1993 година РСМ е примен за рамноправен член на ИАРУ (International Amateur Radio Union).

1977 г. - Прв светски шампионат во АРГ

Првиот светски шампионат во АРГ е одржан во Скопје во периодот од 12 до 17 септември 1977 година.

1963 г. - Прва информација за катастрофалниот земјотрес во Скопје

Првата информација во светот за катастрофалниот земјотрес во Скопје 1963 година е испратена десетина минути по првиот потрес од страна на тетовскиот радиоаматер Симо Буневски - YU5NCF.

1960 г. - Прв Сојузен собир на територија на Македонија

Прв Сојузен собир на радиоаматерите од поранешна Југославија (ФНРЈ) на територијата на Македонија се одржал во Скопје - 1960 година.

1957 г. Прво учество на натпревар вон Македонија

Прво учество на натпревари надвор од Македонија, македонските радиоаматери го реализираат во Изола (Реп. Словенија) во втората половина на 1957 година.
Вие сте на: Почетна Најпрво во Македонија