1993 г. - Прва употреба на префиксот Z3

По приемот на Република Македонија во ООН и зачленувањето на РСМ во ИАРУ набргу и беше доделен новиот префикс Z3.
Македонските радиоаматери по прв пат во етерот со новиот префикс Z3 се огласија на 17. јуни 1993 година. Значењето на овој настан е од голема важност за македонските радиоаматери, па затоа 17. јуни е прогласен за Ден на радиоаматерските оператори.

2010 г. - Z35M / пешак mобил на КБ

pesak 3Последните неколку месеци Владо - Z35M постојано изненадува со неговите активирањa од најразлични локации.
На 09.09 2010 за прв пат во Македонија работеше како пешак мобил на кратки бранови и тоа од врвот на Водно. За да го реализира овој несекојдневен потфат малку ја измени опремата со која досега активираше многу врвови, тврдини и национални паркови во државата. Со овој начин на активирање бројот на одржани радиоврски не е во преден план, но, и покрај тоа, Владо под свoјот повикувачки знак Z35M/PM за еден час на 20 метарскиот опсег успеа да реализира 20 контакти, и тоа на CW, со радиоаматери од повеќе земји, а првата историска радиоврска е одржана со украинецот Мајк - UR5IF/qrp.

Повеќе: 2010 г. - Z35M / пешак mобил на КБ

1996 г. - 5BDXCC - индивидуален член

Во 1996 година Владо - Z35M (ex Z32KV), ја освои најпрестижната радиоаматерска диплома 5BDXCC како индивидуален член. Да се освои ова диплома потребно е да се одржат и потврдат по најмалку 100 земји на 5 опсези на фреквенции од 3.5 - 28 Мхз.

1996 г. - Монографија на РСМ

Издадена во 1996 година по повод 50 годишниот јубилеј на РСМ (1946-1996). Авторот на 133 страници во 3 поглавја со вкупно 19 наслови прави историски преглед на почетоците, развојот, активностите, предизвиците и достигнувањата на РСМ во 50 годишниот период на постоење. Монографија од авоторот Перо Ивановски - Z31DA,

1987 г. - 5BDXCC - радио клуб

Најпрестижната а воедно и една од најтешките радиоаматерски дипломи на светот за освојување се до појавата на новите WARC фреквенции во почетокот на 90-те години беше 5BDXCC. Од милиони радиоаматери во светот само неколку илјади ја имаат освоено а први на кои тоа им појде од рака во Македонија беа членовите на радиоаматерскиот клуб од Штип (ex: YU5GBC, сега Z37M). Дипломата за потврдени qsl картички со 100 земји на 5 радиоаматерски опсези е добиена во 1987 година а плакетата е спонзорство од Mike - NN6C, кој во 1998 година ја нарачал на новиот знак на штипјани Z30M.
Вие сте на: Почетна Најпрво во Македонија