1951 г. - Првата ППС во Македонија

Првата примо-предавателна секција во Македонија е формирана во 1951 година во Радио Клубот “Вардар“ од Скопје – YU5APQ.
Основачи се група ентузијасти: Стево Спировски, Божидар Станковиќ, Тихомир Ѓурчевски, Димче Цветковски, Стојмир Павловски, Александар Стефановски,  Перо Ивановски, и др.
Со помош на членовите на овој радио клуб се формираат радио клубови во други градови во Македонија, и тоа во Струмица, Велес, Куманово, Битола, Прилеп и др. 

2005 г. - 138 КХз експериментални врски

Во првата половина на јануари 2005-та во Македонија за првпат експериментално се работеше на фреквенција од 138 КХз. Иницијативата на Тео-YU7AR да заедно со радио клубот од Штип организираат активност на фреквенција од 138 КХз вроди со плод во првата половина на јануари 2005-та година. За таа цел од агенцијата за електронски телекомуникации е добиена посебна дозвола за првото експериментално работење на оваа екстремно ниска фреквенција.

Повеќе: 2005 г. - 138 КХз експериментални врски

2008 г. - CQ WW WPX CW - Светски рекорд - 3.5 МХз ЛП


1 3V8SS 2008 SO LP 80M 959,812 502 332 18.5 Z33F [Cert]
2 4O4A 2008 SO LP 80M 886,224 877 444 24.6 4O4A [Cert]
3 DJ6BQ 2008 SO LP 80M 797,525 820 437 27.0 [Cert]
4 ED3ALN 1996 SO LP 80M 678,536 729 356 -
5 E77C 2009 SO LP 80M 634,695 732 393 27.5 [Cert]
6 OL4W 2009 SO LP 80M 630,585 751 405 24.2 OK1IF [Cert]
7 4N600A 2004 SO LP 80M 600,008 671 358 15.2 YU1YV
8 UT7XX 2009 SO LP 80M 598,858 718 403 28.2 [Cert]
9 YT2A 2005 SO LP 80M 570,019 675 361 27.0
10 OK1QM 2006 SO LP 80M 539,805 680 371 30.4

2002 г. - CQ WW CW WPX - Светски рекорд - 3.5 МХз ХП

Првиот Светски рекорд за македонски радиооператор е поставен во 2002 во CQ WPX CW 80m HP. Штипјанецот Зоран Милев натпреварувајќи се од турскиот остров Бозкада во еден од најпознатите радиоамaтерски натпревари во организација на американското списание  CQ Magazine успеа да постигне извонреден резултат. И покрај тоа што поминаа 8 години овој резултат е сеуште рекорд на Азија.

Редоследот на првите 3 натпреварувачи во светот:
  1. TA0/Z33F        1,452,552
  2. RV2FW             760,886
  3. Z39Z (Z32AF)      630,360

Вие сте на: Почетна Најпрво во Македонија