Z39Z - Венци Ристов

z39z mixЛични повикувачки знаци во поранешна Југославија и република Македонија: YZ5GRV, YZ5AA, Z32AF, Z3100V

Повикувачки знаци со кои е работено од поранешна Југославија, република Македонија и од странство: YU5FAD, YT5FAD, YT5G, YT6A, YT6T, 4N5FAD, 4N5M, 4O/Z39Z, 4O3A, 4О3Т, 4O6A, 4O6DX,  Z340FAD, Z350FAD, Z37FAD, Z37Z, Z39А, Z30М, Z30Z

Член на радиоаматерскиот клуб "Никола Тесла" од Гевгелија од 1979 год.

Член на меѓународниот клуб - "SKY Contest Club" од 2000 год.

Повеќе: Z39Z - Венци Ристов

Z37Y - Нов форум на интернет

scc rtty 5Новите интернет технологии се интересни за младите радиоаматери од Кавадарци. Од пред неколку дена имат активен форум за актнивностите во нивниот матичен радио клуб "Искра" http://z37y.freeforums.org а можете да станете и член на нивниот профил на најголемата социјална мрежа на светот фејсбук http://www.facebook.com/group.php?gid=152420141455186&ref=ts

Z38Z - Пикник

 

 На 18 мај 2003 година на натпреварувачката локација на радио клубот Никола Тесла од Штип беше организиран пикник. На пикникот освен членовите на радио клубот, присутни беа, Војо - YU7AV, Венци - Z39Z (ex-Z32AF) и гостите од Германија Бабс - DL7AFS и Лотар -DJ7ZG. Во пријатна и релаксирачка атмосфера се разговараше за многу радиоаматерски теми но претежнуваше делот за дх експедиции бидејки Војо - YU7AV пред само година дена учествуваше на експедицијата на Conway Reef (3D2CI), штипјани имаа супер успешна контест експедиција во Турција додека брачниот пар Бабс и Лотар годишно реализираат по неколку експедиции во различни делови на светот.

Повеќе: Z38Z - Пикник

Презентација на ДХ - експедиции

Во понеделник 21 јануари 2008 година по иницијатива на Хранислав Милошевиќ - Z32A/YT1AD, се одржа дружење на радиоаматерите од Македонија. Ова беше прилика на едно место да се најдат повеќето активни радиоаматери од државата. Во ресторантот "Нина" каде што се одржа дружењето беа презентирани дх експедиции на кои што организатор беше токму Хранислав. Некои од овие експедиции направија светски рекорди по број на одржани врски а коментарите на радиоаматерите низ целиот свет беа максимално позитивни за експедитивноста и квалитетот на операторите кои беа избрани од повеќе земји во светот.

Повеќе: Презентација на ДХ - експедиции

Обозна - 2009

Средината на април месец 2009-та се одржа радиоаматерско дружење во близина на Виница на кое што присуствуваа радиоаматери од Битола, Виница, Гевгелија и Кочани.

Без дневен ред но со многу позитивна енергија беше организирана тркалезна маса на која се разговараше во текот на целиот ден. Во мноштвото теми кои се дискутираа најмногу внимание беше посветено на претстојниот шампионат на ИАРУ кој се одржува секоја година во месец јули. Главна цел беше да се согледаат можностите за учество на РСМ во категорија на национални организации под знакот Z30HQ, локации, опрема, оператори итн.

 

Повеќе: Обозна - 2009

Вие сте на: Почетна Разно