Презентација на ДХ - експедиции

Во понеделник 21 јануари 2008 година по иницијатива на Хранислав Милошевиќ - Z32A/YT1AD, се одржа дружење на радиоаматерите од Македонија. Ова беше прилика на едно место да се најдат повеќето активни радиоаматери од државата. Во ресторантот "Нина" каде што се одржа дружењето беа презентирани дх експедиции на кои што организатор беше токму Хранислав. Некои од овие експедиции направија светски рекорди по број на одржани врски а коментарите на радиоаматерите низ целиот свет беа максимално позитивни за експедитивноста и квалитетот на операторите кои беа избрани од повеќе земји во светот.

Присутните радиоаматери на видео презентацијата имаа прилика да ги гледаат експедициите на:

 

Baker Island --- K1B --- светски рекорд 95.127 радио врски со цел свет --- 2002 год.

Montenegro - YU6AO --- 2006 год.

Swains Island ---N8S --- светски рекорд 117.205 радио врски со цел свет --- 2007 год.

Lacadive Island - VU7RG --- 2007 год.

 

Презентери беа: SV2BFN, YT3W, Z32A/YT1AD и Z32ZM.

       

 

           

Вие сте на: Почетна Разно Презентација на ДХ - експедиции