YOTA 2019

Декември е месецот на младите радиоаматери

И годинава македонските млади радиоаматери ќе земат учество во активноста " Декември YOTA месец".

АЕК на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија му издаде одобрение за користење на специјалните повикувачки знаци Z39YOTA и Z30YOTA.

YOTA координатор за 2019 е Велјан Ѓорѓиов, Z33C.

Секој млад радиоаматер кој ќе сака да работи со специјалните повикувачки знаци ќе мора да биде најавен кај Велјан Z33C. Mail адресата на Велјан е:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Координацијата за работа ќе биде како и лани на Facebook Messinger групата на која ќе бидат членови младите радиоаматери и нивните ментори.

Ви посакувам успешна работа и добра забава.

Радиоаматерски сојуз на Македонија

Менаџер за HF

Златко Андонов Z30A

 
Вие сте на: Почетна Разно YOTA 2019