Радиоаматерскиот клуб Никола Тесла од Штип во континуитет се натпреварува во најпознатите светски натпревари. Во најпопуларното натпреварување во RTTY кое се одржа минатата година а конечните резултати организаторите на натпреварот ги објавија пред некој ден, штипјани го освоија одличното 4-то место во светот и 2-ро во Европа. Овој успех го постигнаа работејки од нивната натпреварувачка локација која се наоѓа на аеродромот Сушево каде што инсталираа посебни антенски системи за одржување на радио врски. Тимот натпреварувачи овој пат беше составен само од штипјани: Z31MM - Момо, Z32RY - Кико, Z36N - Тоне, Z36W - Венцо, Дуле и Роберто. Во последните десетина години радиоаматерите од Штип во дисциплината RTTY се меѓу најуспешните во светот.
z3_wm002 - z35m На 04.07 2010 год. радиоаматерот Владо, Z35M го реализира првото активирање од Титов Врв, 2747 м, SOTA реф. Z3/WM-002, највисок врв на Шар Планина, воедно втор највисок врв во Македонија. За само половина час, колку што траеше активирањето, одржани се 17 КБ радиоврски. Користен е батериски напојуван КБ радиоуред со излезна снага од 5  W и Inv-Vee жичен дипол подигнат на висина од 5 м.

Во 2008 година од 14 до 29 Мај, Зоран Милев (Z33F) и  Момчило Милошев ( Z31MM) беа на експедиција во Тунис. Главната цел беше да се учествува во два натпревари на кратки бранови (EU PSK и CQ WW WPX CW) од радио клубот со повикувачки знак 3V8SS.
Од домакинот Халим беа одлично пречекани и на располагање им беше ставен клубот со сите негови ресурси и луѓе.
Активноста на радио станица беше претежно на RTTY и PSK и се работеше на сите фреквенции освен на 160 м каде што радио клубот не поседуваше дозвола за работа.

Повеќе...

Дарко Трајков, ученик во прва година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци, на Европското првенство во брзо примање и предавање знаци од Морзеовата азбука, што се одржа во Порденоне, Италија, освои златен медал.

Преземено од - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=50DA54B973499A4392DB3593598D8734

На 17. јуни 1993 год. македонските радиоаматери по прв пат во етерот се огласија со новиот префикс – Z3 доделен на Република Македонија.
Овој настан е од огромно значење за членовите на РСМ така што овој ден уште истата година е прогласен за Ден на аматерските радиооператори.