Собир на радиоаматери 2017

Почитувани радиоаматери, 
Како што веќе претходно информиравме, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија на 17.септември (недела) организира Собир на радиоаматерите на Македонија во ресторанот „Ресторан на Велешко“ кој се наоѓа на езерото „Младост“ крај Велес. 
Во рамките на Собирот ќе се одржат повеќе теоретски и практични презентации од актуелни области на радиоаматеризмот и радио-техниката. Исто така ќе се одржи обука на младите радиоаматери, а потоа и натпревар во аматерска радио гониометрија. Истовремено овој Собир ќе биде одлична можност за меѓусебно дружење и подобро запознавање помеѓу радиоаматерите, но и помеѓу гостите.
Ве поканувам да дојдете и да го збогатете ова наше дружење со Вашето присуство.
На Собирот во недела, 17.септември, настаните се организирани со следниве тематски содржини:

1. 08:30 до 09:00 часот - Пристигнување на радиоаматери, натпреварувачи и гости и нивна регистрација;

2. 09:00 до 12:00 часот - Теоретска и практична презентација на спортско-техничката дисциплина „АРГ“ – аматерска радио-гониометрија и АРГ натпревар.

3. 12:00 до 15:часот - Теоретски и практични презентации на:
- ХСТ – Брза телеграфија;
- Одржување на радиоаматерски врски и комуникација со дигитални модови на работа;
- Одржување на радиоаматерски врски на УКБ преку рефлексија на радиобрановите од јонизирачки метеорски трагови;
- Одржување на портабл радиоаматерски врски;
- РМЗО – Радиоаматерски мрежи за опасност;
- СДР-уреди (Software Defined Radio) презентација;
- Радиоаматерски кодекс „Ham spirit“;
- Правилник за радиоаматерски сообраќај преку репетитори.

4. 15:00 до 17:00 часот - Ручек (за време на ручекот ќе бидат доделени благодарници, дипломи и признанија).

Радиоаматерски сојуз на Македонија
Претседател,
м-р Миле Кокотов / Z33T