СПЕЦИЈАЛЕН ПОВИКУВАЧКИ ЗНАК
Радиоаматерски сојуз на Македонија • 01–15 септември 2026
Со пригодни објави на социјалните мрежи и на QRZ.com, на радиоаматерите од целиот свет им беа дадени повеќе информации за причината за користење на специјалниот повикувачки знак и за јубилејната годишнина на еден од најважните настани во историјата на македонскиот народ. На најуспешните радиоаматери од светот и од земјата им беа доделени дипломи, според објавените пропозиции, преку платформата Hamlog.
Во оваа активност учествуваа радиоаматерите:
Работејќи вредно и упорно, воглавно на HF бендовите, со CW, SSB и дигиталните модови на работа, учесниците воспоставија врски со колеги од целиот свет. Како благодарност и признание за вложените напори и труд, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија им додели благодарници.
Најголем број врски направија: Кирко Мирчевски Z33B – 2426 врски, Боби Петковски Z33PB – 1166 и Тодор Тодоровски Z31RM – 887. За прв пат во ваква QSO активност се вклучија Владимир Z32CB, Златко Z33Z и Игор Z34SGR.
Диплома – Z335MK
Благодарница – Z335MK
22.09.2026, Скопје
Радиоаматерски сојуз на Македонија
Ѓоко Ѓорѓевиќ – Z35U, Претседател