Радиоаматерски Сојуз на Македонија

December YOTA Month 2024

December YOTA Month 2024 – Извештај

Како и изминатите неколку години, така и оваа 2024 година, во рамките на манифестацијата December YOTA Month 2024, организирана од IARU и YOTA тимот (ON3YH, ONL11943 & ON1GPS), нашиот сојуз зеде активно учество во период од 01 до 31 декември.

Z30YOTA и Z39YOTA беа знаците кои се слушаа во етерот за време на месец декември, повикувани од младите активисти и радио аматери од нашата земја.

Учесници и активисти

Овој пат, покрај веќе искусната млада радио аматерка Неда Коцева (Z33NKJ), активно учество зедоа:

Неда Коцева и оваа година покажа особен талент и се истакна како одличен инструктор, воведувајќи го Давид Војноски во светот на радио аматерството. Сите активности беа следени и поддржани од менторот Игор Коцев (Z33IKN).

Ване Јованов, и покрај приватни обврски, одвои време и одработи добар туторски настап со својот ученик Петар.

Активност со Извидничкиот Поречански одред „Галеб“

Новото освежување оваа година беше соработката со Извидничкиот Поречански одред „Галеб“. На 22.12.2024 година, во нивните простории се собраа околу 10 членови на возраст од 10 до 16 години.

Младите извидници покажаа голема заинтересираност. Беа запознаени со:

По теоретскиот дел следеше практична работа на радио станица, при што младите остварија врски со радио аматери од Европа. Голема благодарност до Владимир Ковачески (Z35M) кој со секој извидник оствари врска и испрати персонална QSL картичка.

За успешната организација на настанот особено придонесоа Мишел Павловски (Z31PM) и Владимир Поповски (Z34BET).

Резултати од активноста

Повикувачки знак Број на врски
Z30YOTA 47 врски
Z39YOTA 247 врски

Вкупно остварени врски од македонските учесници: 294

Вкупен број на учесници во YOTA настанот: 59

Вкупен број на остварени врски во целиот YOTA месец: 100.555

Сите врски се регуларно пријавени на официјалната страна: https://events.ham-yota.com/stats

Заслужни активисти

Линк до Z3YOTA Facebook страна: https://www.facebook.com/Z3YOTA/

Заклучок

Како и секоја година, се истакнува потребата од поголема промоција на радио аматерството во училиштата (особено на часовите по техничко образование) и поголемо ангажирање на сите членови на Сојузот.

Активноста со ИПО Галеб покажа дека потенцијалот и ресурсите сеуште се големи, но недостасува мотивација за почесто и поорганизирано делување.

Со почит,
Петрика Јанеку
Z34PEC


(C) Петрика Јанеку – Z34PEC, Февруари 2025 година.
Секоја понатамошна јавна дистрибуција треба да биде одобрена од авторот.