Разно

kantronics_35После неколку неделно тестирање, пуштен е во употреба APRS Digipiter кој работи на европската фреквенција наменета за APRS 144.800MHz. Во моментов се пуштени два дигипитери на територијата на Скопје кои се поврзани преку интернет со глобалната APRS мрежа преку WIDE1-1 и WIDE2-1 со брзина од 1200bps. Се користи Kantronics 9612+ TNC и GM350 со GP антена. Beacons се праќаат на секој 30 минути со излезна моќност од 25W. Наредните денови едниот дигипитер ке биде поставен на врвот на Водно и ќе работи под знакот Z35NET. Истиот од Водно преку безжичен линк ќе биде поврзан на интернет по што и на глобалната APRS мрежа и на Igate, додека пак другиот APRS TNC ќе работи од самиот град исто така поврзан на интернет. TNC уредите, радиостаниците, Wi-Fi уредите и интернет линкот се обезбеден од страна на Z31MA и Z32EA, и истите ќе бидат достапни за користење на членовите на РСМ. Во скоро време ќе биде пуштен и UHF APRS кој ќе работи со брзина од 9600bps.

Благодарност до Z32TE кој активно беше вклучен во процесот на тестирање на системот.

Почитувани

Согласно член 25 од Статутот на РСМ, ги известувам сите радиоаматери за следното:

1. Изборното Собрание на РСМ се планира за 20.ноември 2016 година

2. Сите заинтересирани радиоаматери за Претседател на организацијата, своите кандидатури да ги достават на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 01.ноември 2016 година

3. Кандидатурите и работните материјали за Изборното Собрание ќе бидат доставени до радио клубовите на ден 02.ноември 2016 година, а истите ке бидат објавени и на web страната на РСМ

4. за сите останати работи (време и место на одржување на Изборното Собрание) ќе бидете известени дополнително

со почит
Звонко Стаменков/Z35W

z31jy mileРоден 1926 год. во с. Лисолај, битолско, сега жител на Скопје, Миле Секуловски, Z31JY е најстар радиоаматер во Македонија кој што непрекинато е активен на радиоаматерските опсези скоро шест децении.

Учесник во НОБ од 1944 година кога после ослободувањето на Скопје посетува воен радиотелеграфски курс. По завршувањето на воениот рок во 1947 година, се вработува како телеграфист и телепринтерист во поштата во Битола каде што службува 12 години.

Повеќе...

ivanovski--mintik_gНајпознатиот поранешен светски хакер Кевин Митник беше во Македонија овие денови. Настанот го отвори Министерот за информатичко општество Иво Ивановски а Кевин пред македонската публика одржа предавање за најновите и најдобрите методи на компјутерска безбедност.

Во текот на предавањето тој ги презентираше и своите две најпродавани книги "Уметност на измама" и "Уметност на пробивање" преку кои практично им покажува на компаниите како да спречат напади врз нивните информатички бази.

Настанот доби голем публицитет во медиумите а организаторот изработи и веб страница

Кевин е радиоаматер и по излегувањето од затвор со месеци се обидуваше повторно да добие лиценца за работа на радио станица. Неговиот повикувачки знак е N6NHG.

scc rtty 5Новите интернет технологии се интересни за младите радиоаматери од Кавадарци. Од пред неколку дена имат активен форум за актнивностите во нивниот матичен радио клуб "Искра" http://z37y.freeforums.org а можете да станете и член на нивниот профил на најголемата социјална мрежа на светот фејсбук http://www.facebook.com/group.php?gid=152420141455186&ref=ts