Стручни написи

lwLong Wire одн. долга жица e наједноставната за конструирање и поставување антена која што се употребува од радиоаматерите. Под долга жица обично се подразбираат должини на антената кои што изнесуваат најмалку една или повеќе бранови должни од работната фреквенција на која што се употребува. Сепак, радиоаматерите како Long Wire антени (скаретно LW) ги нарекуваат ваквиот тип антени направени од било која произволна должина на жицата (random wire).

Повеќе...

slika 3 solarna erupcijaСонцето, нашата најблиска звезда, е масивен емитувач на електромагнетни бранови кои ги преплавуваат планетите од соларниот систем со топлина, ултравиолетово зрачење, како и со наелекризирани атоми - јони. Одамна е познато дека постои директна зависност на сончевата активност и условите за остварување далечни радиокомуникации на кусобрановото фреквентно подрачје (3 - 30

MHz).

Повеќе...

Прирачник за радиоаматери напишан од Станче - Z32CC.
Attachments:
FileFile size
Download this file (Прирачник за радиоаматери.pdf)Прирачник за радиоаматери485 Kb

Одржувањето радиоврски на одалеченост од неколку илјади километри е возможно и со опрема која тежи помалку од два килограми и којa што зафаќа само дел од просторот во еден ранец. Природните закони овозможуваат радио комуникација на кусобрановото фреквентно подрачје на големи дистанци со употреба на мала излезна моќност и едноставни антени. Преносот на телеграфски морзеови сигнали е еден од поефикасните видови на емисија. За само половина час од речиси било која локација во природа може да се монтира ефективна кусобранова  радио станица со голем домет.

Повеќе...

Текст од Владо - N3CZ (Z35C) на англиски јазик за техниката на работење на ниските фреквенции на кратки бранови.

Attachments:
FileFile size
Download this file (Low+bands+and+the+weak+ones.pdf)Low bands and the weak ones173 Kb