Написи во медиумите

Штипјанецот Зоран Милев на Светското првенство во радиотелеграфија што се одржа на 24 и 25 мај  во градот Сус во Тунис постави нов рекорд во категоријата 3.5 мегахерци, мала сила, со што го собори веќе поставениот рекорд стар 12 години. Повеќе на http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/449246/
Над 50 илјади радиоаматери од целиот свет, меѓу нив и дваесеттина радиоаматери од Македонија од аматерските радиоклубови во Штип и во Кочани, од вчера па до крајот на јуни ќе учествуваат на светскиот собир на радиоаматерите што секоја година се одржува во германското гратче Фридрихсафен. Повеќе на http://star.vest.com.mk/default.asp?id=153287&idg=8&idb=2407&rubrika=Makedonija

Веста за катастрофалниот земјотрес во Бања Лука први ја пренесоа француските радиоаматери, а Сотка Цветаноски, кој преку неговата радиостаница прв го извести светот, беше одликуван со орден "Заслуги за народ" Читај повеќе на http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C5FDCA14BBAA1F4A9404CA14EB821F1C

Малешевката Тања Аждерска, која деновиве ќе наполни 20 години, веќе четири години е најдобра радиотелеграфистка во светот во нејзините дисциплини. Светската рекордерка стана со само 16 години и оттогаш трипати самата си ги урива рекордите, без притоа некоја од многу повозрасните конкурентки да и се замеша во "сериските убиства" на рекорди. Да беше Тања атлетичарка, како руската скокачка со стап Елена Исинбаева, која за секој светски рекорд добива по 50.000 долари, досега младата беровка на штедна книшка ќе имаше 200.000 долари.  Повеќе на http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2850&stID=62125