WMA Македонија

wma fotoWMA – World Mountain Award е меѓународен радиоаматерски програм воспоставен во 2010 година во рамките на WFF – World Flora and Fauna кој има за цел да поттикне активирање со радиоаматерски станици од планините со цел преку одржувањето радиоврски од овие подрачја да допринесат кон подигнување на еколошката свест за зачувување на природното наследство. 

Во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WMA – World Mountain Award, радиоаматерот Владо - Z35M реализираше куси активирања од планините Водно, Китка, Бистра, Галичица, Баба, Јабланица, Жеден, и др. 

Користена е радиоопрема за кусобрановото фреквентно подрачје со  максимална излезна моќност од 5 W до 50 W, напојувана од 12 V  SLAB батерија, и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.

Z3M 01-01 Руен, Осогово – 2252 m
Z3M 01-02 Царев Врв, Осогово – 2084 m
Z3M 01-03 Тумба, Беласица – 1881 m
Z3M 01-04 Лисец, Плачковица – 1754 m
Z3M 01-05 Огражден, Огражден – 1745 m
Z3M 01-06 Равно, С. Ц. Гора  - 1651 m
Z3M 01-07 Чафка, Голак  - 1536 m
Z3M 01-08 Бабин Чукар, Малешевска  - 1403 m
Z3M 02-01  Голем Кораб, Кораб – 2764 m
Z3M 02-02 Титов Врв, Шар Планина – 2747 m

Повеќе...

 

WMA (World Mountain Award) во рамките на WFF (World Flora and Fauna) е нова радиоаматерска програма за активирање од планини (ова е значително полесно од SOTA каде што активирањето мора да се изведе од самиот врв со носење на целокупната опрема од самиот оператор).

На светската листа планини ставена е и Македонија (едноставно ги препишале податоците од СОТА елаборатот за врвовите / планините повисоки од 1000 м  и им дале соодветни референтни броеви пр. Z3M 01 - 01 Руен - Осогово, Z3M 02 -01 Голем Кораб, i taka do Z3M - 02 -51 Крстовар – Водно).

За разлика од СОТА каде што има строги правила за употреба на батериско, соларно и друго еколошко напојување, во WMA може да се работи и од фиксна локација приклучена на електрична мрежа, од возило и сл. Правилата на WMA сеуште не се преведени од руски јазик. (менаџери се UA3LAFи LZ1ZF)