WCA - Македонија

wca logoWCA – World Castles Award е меѓународен радиоаматерски програм воспоставен во 2009 година кој има за цел да поттикне активирање со радиоаматерски станици од тврдини и калиња.

На WCA листата од Македонија се ставени: Струмичкa тврдина – Z3 00001, Скопско кале - Z3 00002, Маркови кули - Z3 00003, Самоилова тврдина - Z3 00004, Кичевско кале - Z3 00005, Штипско кале – Z3 00006, Тетовско кале – Z3 00007, Виничко кале – Z3 00008, Маркови Кули, Водно - Z3 00009, Римска Тврдина, Градиште - Z3 00010, Марков Град, Матка - Z3 00011, Бутела, Хераклеа - Z3 00012 и Бункери, Водно - Z3 00013.

На 26.05 2010 година за прв пат во рамките на програмата WCA – World Castles Award, радиоаматерот Владо – Z35M реализираше  кусо активирање од Скопско Кале.
За период од околу еден час остварени се вкупно 51 радиоврски на кусобрановите опсези 40м, 30м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.