Z3 - DX Експедиции

Почетокот на јули месец беше интересен за Драган - K0AP и Владо - N3CZ кои со фамилиите го поминаа годишниот одмор на островот Фрип во Северна Каролина. Драган живее во Канзас додека Владо во Северна Каролина и досега не беа се сретнале иако во минатото контактирале многупати преку различни средства за врски. По многубројни разговори и договарања конечно ова лето се договорија заедно со фамилиите да го користат одморот на некое острово кое што е рангирано по ИОТА критериумите.

Повеќе...

Во 2002 година Хране Z32A/YT1AD ја организираше неговата најголема експедиција на островот Baker од каде што дотогаш се немаше огласено ниту еден радиоаматер. Поучен од искуствата стекнати на претходните експедиции овојпат ништо не беше препуштено на случајот од техника до тим на прекалени радиоаматери. Експедицијата заврши со феноменален резултат - 95.127 врски беше бројка која што не беше достижна за ниту една дх-педиција претходно. За оваа експедиција еден од учесниците Сречко Морич - YU1DX, напиша мала книга а снимени се и неколку видео материјали. Во интернационалниот тим од Македонија учестуваа Хране Милошевиќ - Z32A/YT1AD, Моме Димовски - Z32ZM и Владо Карамитров - Z35C/ZS6MG.

z32zm  clarion hotelМоме Димовски од Куманово е еден од најпознатите радиоаматери во Македонија. Во изминатите години беше активен од повеќе DXCC земји и беше учесник на мега дх - експедициите што ги организираше Хране Милошевиќ - Z32A /YT1AD.

Повеќе...

Непал – 9N: Во 1989 год. Слободан – YU5CP (Z31C) е во состав на Македонската Хималајска Експедиција задолжен за радиоврските.

Сенегал – 6W: Хране – YU5AD (Z32A) и Драган - YU5AU (Z32AU) се активни во 1991 год.

Албанија – ZA: Владо – Z32KV (Z35M) е активен во 1994 и 1995 како и од 2002 до 2007 год.,  додека Венцо – Z36W и Крсте – Z35X беа активни во 2003 год.

Јужна Африка – ZS: подолг период е активен Владо, Z31FU (Z35C) од каде реализира DX-педиции во соседните земји Намибија – V5 Мозамбик – C9 и Замбија – 9J.

Повеќе...

Првата DX- експедиција на македонски радиоаматер во Албанија беше реализирана во мај 1994 година од страна на Владо, Z32KV (Z35M). За период од неколку дена од домашните локации на Mајк, ZA1MH и Гени, ZA1B, со користење на повикувачкиот знак ZA/Z32KV одржани се вкупно 1300 радиоврски.  

Повеќе...