WFF - Македонија

npgalicicasignWFF – World Flora and Fauna е меѓународен радиоаматерски програм воспоставен во 2008 година кој има за цел да поттикне активирање со радиоаматерски станици од национални паркови и резервати, и преку одржувањето радиоврски од овие заштитени подрачја да допринесат кон подигнување на еколошката свест за зачувување на природното наследство.

На WFF листата од Република Македонија се ставени трите национални паркови: Галичица Z3FF-001, Маврово Z3FF-002 и Пелистер Z3FF-003.

На 06.09 2009 година за прв пат во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо – Z35M реализира  кусо активирање од Националниот Парк Маврово.
Активирањето беше реализирано од нашиот највисок планински врв Голем Кораб – 2764 м. За период од околу еден час остварени се вкупно 38 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од 50 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.