WFF - Македонија

npgalicicasignWFF – World Flora and Fauna е меѓународен радиоаматерски програм воспоставен во 2008 година кој има за цел да поттикне активирање со радиоаматерски станици од национални паркови и резервати, и преку одржувањето радиоврски од овие заштитени подрачја да допринесат кон подигнување на еколошката свест за зачувување на природното наследство.

На WFF листата од Република Македонија се ставени трите национални паркови: Галичица Z3FF-001, Маврово Z3FF-002 и Пелистер Z3FF-003.

На ден 08.01 2011 радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WFF - World Flora and Fauna, го реализираше првото зимско активирање од Национален Парк Пелистер, WFF реф. Z3FF-003. За период од еден час воспоставени се 38 CW QSOa на 20 м опсег. Од опрема користен е батериски напојуван K1,  со максимална излезна моќност од 7 W, и Inv Vee дипол антена подигната на гранка од молика. 

Повеќе...

z31rm - z35m              Второто активирање од Национален Парк Пелистер, Z3FF-003, во рамките на меѓународниот  радиоаматерски програм WFF - World Flora and Fauna беше реализирано на 29.08 2010 год. од страна на Владо, Z35M и Тоде, Z31RM.
Користена опрема: Elecraft K1, max 7 W, 12 V 2 Ah батерија, Chopy key, Inv-Vee @ 5 m.
За период од два и пол часа на 20м и 30 м опсег одржани се севкупно 144 CW QSO-a.

Повеќе...

На 15.05 2010 година за прв пат во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо - Z35M, реализира кусо активирање од нашиот најстар Национален Парк Пелистер.
За период од неколку часа остварени се вкупно 235 радиоврски на  кусобрановите опсези 40м, 30м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од само 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
На 22.05 2010 година за прв пат во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо - Z35M, реализира кусо активирање од Национален Парк Галичица.
За период од два часа остварени се вкупно 102 радиоврски на  кусобрановите опсези 40м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од само 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
На 24.05 2010 година во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо – Z35M реализира  кусо активирање од с. Галичник,  Национален Парк Маврово.
За период од околу еден час остварени се вкупно 67 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 30 м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.