SOTA - Македонија

sota logo rSOTA - Summits On The Air е меѓународна радиоаматерска програма која промовира портабл активности од планински врвови.

z3_wm002 - z35m На 04.07 2010 год. радиоаматерот Владо, Z35M го реализира првото активирање од Титов Врв, 2747 м, SOTA реф. Z3/WM-002, највисок врв на Шар Планина, воедно втор највисок врв во Македонија. За само половина час, колку што траеше активирањето, одржани се 17 КБ радиоврски. Користен е батериски напојуван КБ радиоуред со излезна снага од 5  W и Inv-Vee жичен дипол подигнат на висина од 5 м.

Комплетните правила за SOTA активностите се дадени во атачментот подоле.

Attachments:
FileFile size
Download this file (Z3-SOTA Pravila.pdf)Z3-SOTA Правила270 Kb
Во рамките на традиционалното планинарско искачување на највисокиот врв во нашата земја, Голем Кораб – 2764 м, членот на РСМ Владо Z35M, на 06.09 2009 год. по прв пат од оваа локација се огласи на радиоаматерските опсези. За период од околу еден час на 40м и 20м опсези воспоставени се вкупно 38 радиоврски со странски радиоаматери од Германија, Холандија, Швајцарија, Данска, Словенија, Полска, Белгија, Велика Британија, Ирска, Романија и најдалечната со Јапонија.
Користена е преносна радиоаматерска опрема: радио уред Alinco DX-70T (50 W), батерија за напојување од 12 V, 7 Ah, дипол антена во Inv – Vee конфигурација подигната со 5 м рибарски стап.

Десетина дена пред крајот на месец Април во Скопје се сретнав на кафе разговор и да им ги доставам QSL картите од Z3 QSL бирото, со Звонко Z35W и Владо Z35M. И во разговор со Z35M ми предложи да пробам да се појавам од некој врв во мојата околина за време на SOTA меѓународниот викенд.

Неколку дена претходно гледав по VHF календарите па веднаш споив комбинација на SOTA и VHF активност. 

 

Комплетната репортажа за експедицијата на Кожув планина и активирањето на WM-030 (Две Уши) и WM-052 (Зелен Брег) може да ја прочитате или снимите од пдф документите подолу:

 

За една година од приклучувањето на Македонија во меѓународниот радиоаматерски програм „Планински Врвови Во Етерот“ (SOTA)  реализирани се вкупно 50 активирања на 11 врвови, со вкупно одржани 3250 радиоврски, скоро сите на КБ. 

Повеќе...