Натпревари

wpx rtty 2010 - z36n na 3.5 mhzЈапонското радиоаматерско телепринтерско друштво деновиве ги објави резултатите на натпреварот што го организираа заедно со јапонскиот огранок на CQ Magazine 2009-та година.
Плакетата за освоено прво место во светот наскоро ке пристигне во Македонија кај Тоне Петров - Z36N, кој што одработи 1895 врски во категоријата - еден оператор, сите опсези.

Повеќе...

WPX RTTY е втор по популарност и масовност натпревар во дигитални технологии и дефинитивно им лежи на нашите натпреварувачи. Оваа година во МУЛТИ 2 категорија македонци има на првите 2 места во светот. За да се најде на топ листата Златко Андонов - Z30A патуваше 25 часови до познатата натпреварувачка локација на Ранко Боца - 4O3A во Црна Гора, додека штипјани традиционално ја искористија нивната одлична локација на аеродромот Сушево во близина на Штип. Интересно е дека постоечкиот европски рекорд кој беше во сопственост на штипјани и двете првопласирани екипи во оваа тешка и технички многу захтевна категорија го соборија (внимавајте) - штипјани за 31 % додека екс ју тимот во Црна Гора за дури 57 %. За оние што се заинтересирани можат да го видат деталниот преглед на резултатите во пдф фајлот.
Attachments:
FileFile size
Download this file (WPX RTTY Article 2010.pdf)WPX RTTY Article 2010.pdf313 Kb

Меѓународните натпревари на кратки бранови се одржуваат секој викенд но само за неколку од нив илјадници радиоаматери се подготвуваат специјално а многумина патуваат на различни места во светот да учествуваат и да постигнат што подобар пласман во овие натпревари. Во Европа постојат десетина натпреварувачки локации кои овозможуваат врвни пласмани, една од тие локации се наоѓа во Црна Гора и е во сопственост на Ранко Боца, во радиоаматерскиот свет познат како 4О3А (порано YT6A).

Attachments:
FileFile size
Download this file (4O3A - CQ WW WPX RTTY 2009.pdf)4O3A - CQ WW WPX RTTY 2009.pdf575 Kb

Повеќе...

zclubГерманската радиоаматерска асоцијација, која лани во ноември беше домаќин на Отвореното европско првенство во одржување врски со телепринтер, вчера и официјално соопшти дека Радиоклубот "Никола Тесла" од Штип е прв во Европа. Во категоријата "повеќе оператори еден предавател" македонскиот претставник со изработени 1072 врски за 48 часа и со вкупен резултат од 2.810.752 поени е најдобар во Европа што претставува втор резултат на сите времиња и истиот е само за 3000 поени помал од светскиот рекорд.

Македонската екипа во состав: Момчило Милошев, Игор Дериволов, Озрен Спасков , Зоранчо Крстов, Венцо Стојчев и Роберто Арсов, беше неприкосновена во конкуренција на 1400 екипи од стариот континент. Зад Македонија останаа екипи со многу пософистицирана опрема, како што се екипите од Грција, Чешка, Украина, Франција , Велика Британија, Германија, Италија.

Радиоаматерскиот клуб Никола Тесла од Штип во континуитет се натпреварува во најпознатите светски натпревари. Во најпопуларното натпреварување во RTTY кое се одржа минатата година а конечните резултати организаторите на натпреварот ги објавија пред некој ден, штипјани го освоија одличното 4-то место во светот и 2-ро во Европа. Овој успех го постигнаа работејки од нивната натпреварувачка локација која се наоѓа на аеродромот Сушево каде што инсталираа посебни антенски системи за одржување на радио врски. Тимот натпреварувачи овој пат беше составен само од штипјани: Z31MM - Момо, Z32RY - Кико, Z36N - Тоне, Z36W - Венцо, Дуле и Роберто. Во последните десетина години радиоаматерите од Штип во дисциплината RTTY се меѓу најуспешните во светот.