Рекорди

WPX RTTY е втор по популарност и масовност натпревар во дигитални технологии и дефинитивно им лежи на нашите натпреварувачи. Оваа година во МУЛТИ 2 категорија македонци има на првите 2 места во светот. За да се најде на топ листата Златко Андонов - Z30A патуваше 25 часови до познатата натпреварувачка локација на Ранко Боца - 4O3A во Црна Гора, додека штипјани традиционално ја искористија нивната одлична локација на аеродромот Сушево во близина на Штип. Интересно е дека постоечкиот европски рекорд кој беше во сопственост на штипјани и двете првопласирани екипи во оваа тешка и технички многу захтевна категорија го соборија (внимавајте) - штипјани за 31 % додека екс ју тимот во Црна Гора за дури 57 %. За оние што се заинтересирани можат да го видат деталниот преглед на резултатите во пдф фајлот.
Attachments:
FileFile size
Download this file (WPX_RTTY_Article_2010.pdf)WPX_RTTY_Article_2010.pdf313 Kb

zclubГерманската радиоаматерска асоцијација, која лани во ноември беше домаќин на Отвореното европско првенство во одржување врски со телепринтер, вчера и официјално соопшти дека Радиоклубот "Никола Тесла" од Штип е прв во Европа. Во категоријата "повеќе оператори еден предавател" македонскиот претставник со изработени 1072 врски за 48 часа и со вкупен резултат од 2.810.752 поени е најдобар во Европа што претставува втор резултат на сите времиња и истиот е само за 3000 поени помал од светскиот рекорд.

Македонската екипа во состав: Момчило Милошев, Игор Дериволов, Озрен Спасков , Зоранчо Крстов, Венцо Стојчев и Роберто Арсов, беше неприкосновена во конкуренција на 1400 екипи од стариот континент. Зад Македонија останаа екипи со многу пософистицирана опрема, како што се екипите од Грција, Чешка, Украина, Франција , Велика Британија, Германија, Италија.

Меѓународните натпревари на кратки бранови се одржуваат секој викенд но само за неколку од нив илјадници радиоаматери се подготвуваат специјално а многумина патуваат на различни места во светот да учествуваат и да постигнат што подобар пласман во овие натпревари. Во Европа постојат десетина натпреварувачки локации кои овозможуваат врвни пласмани, една од тие локации се наоѓа во Црна Гора и е во сопственост на Ранко Боца, во радиоаматерскиот свет познат како 4О3А (порано YT6A).

Attachments:
FileFile size
Download this file (CQ WPX RTTY 2009.pdf)CQ WPX RTTY 2009.pdf575 Kb

Повеќе...

z32af wpx cw 04Вториот по популарност радиоматерски натпревар на кратки бранови е секогаш предизвик и да се учествува но и озбилно да се работи. Последните неколку години имав добри резултати на 3.5 МХз, па затоа решив и оваа година повторно да учествувам но од просториите на радио клубот во Гевгелија. Самата местоположба на радио клубот и антената која е обичен дипол поставен пред 20-на години не овозможуваат услови за добар пласман во натпреварите, особено не во најпопуларните кај што има огромна масовност од целиот свет. Десетина дена пред натпреварот незнам што ми стана па решив да го одработам на начин на кој што работевме во минатото на личниот повикувачки знак Z32AF.

Повеќе...

Македонскиот радиоаматер Владимир Карамитров - (Z35C, N3CZ итн.) ја посети Намибија специјално за најпопуларниот радиоаматерски натпревар CQ WW SSB во 2004 година. По овој повод од ресорното министерството доби специјален повикувачки знак V55V. Според правилата на овој натпревар се работи 48 часа во кои Владо успеа да одржи 3438 радио врски со 140 земји од светот и постигна резултат поголем од 5 милиони поени. Овој рекорд е се уште е важечки за зоната 38 во која се наоѓаат повеќе земји од Африка.

Повеќе...