ХСТ

Радиоаматерскиот сојуз на Македонија во периодот од 31.05 - 04.06.2017 ќе биде домаќин на две првенство во дисциплината HST: 5-то Балканско првенство и 10-иот „Куп на Европа.
Комплетната документација може да ја погледнете на следниот линк

На 23.04.2017 со почеток во 09:30 во просториите на РК. Искра Кавадарци ќе се одржи HST натпревар. Натпреварот ќе се спроведе само со практичните дисциплини RUFZ и Morse Runner, согласно правилникот на IARU R1 за нивно одржување. Резултатите постигнати на овој натпревар ќе бидат вреднувани за формирање на репрезентација за учество на претстојниот Куп на Европа, резултатите постигнати на Куп на Европа и Балканско HST првенство, заедно со резултатите од овој натпревар, ќе бидат вреднувани за учество во HST репрезентацијата на Светското првенство во септември. Во рамките на овој настан ги поканувам и сите оние кои некогаш се занимавале со HST, како и сите заинтересирани кои би сакале да се запознаат со оваа дисциплина.

Повеќе на следниот линк

Менаџер за HST
Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев / Z33RW

Преземен текст од поранешното гласило на радиоаматерите во Македонија АРО во кое Спасе Марковски тогашниот менаџер за ХСТ на РСМ пишува за 4-то Светско првенство во ХСТ одржано во Констанца - Романија. Комплетниот натпис за припремите на Македонската репрезентација и резултатите кои ги постигнаа може да прочитате во пдф документот.
Attachments:
FileFile size
Download this file (HST 4-to Svetsko prvenstvo.pdf)HST 4-to Svetsko prvenstvo.pdf653 Kb