КБ - УКБ Активности

k5go_mixНа покана од Stan - K5GO решив за CQWW CW да работам од неговата локација. Тоа е во државата Арканзас на околу 4 часа возење од кај мене. Претходно доста луѓе ми имаат кажувано за оваа локација и сите збореа во суперлативи не само за опременоста на истата туку и за гостопримството и фините луѓе така да не ми требаше многу мислење за да ја прифатам понудата. И така петок сабајле пред контестот ја ,,летнав,, за Арканзас, преку Мисури. Местото се вика Харисон и е скоро на самата граница со Мисури на северо западниот дел од Арканзас.

Повеќе...

Викендот што помина штипјанецот Димитар Гарпов - Z33DGM го искористи да учествува во натпревар на кратки бранови користејки дигитален мод на работа RTTY . Во натпреварот кој секоја година го организира федерацијата на руските радиоаматери и списанието "РАДИО" Димитар постигна резултат од  382.270 поени на опсегот од 14 МХз за што му беа потребни да одржи 606 радио врски со 86 држави во светот. Опремата која е користена за натпреварување е стандардната на радио клубот од Штип и се наоѓа на нивната веќе многу позната локација на аеродромот Сушево во близина на градот. Димитар во овој натпревар работеше на клубскиот знак Z37M.

scc rtty 5По неколку месечни договарања последниот викенд на Август конечно се реализира заедничка активност во SCC RTTY -2010 помеѓу младите радиоаматери од Кавадарци и Штип. Во петокот на Сушево за првпат дојдоа Вељан - Z32AJA, Кире - Z33BMW и Коле - Z30KNA заедно со ветеранот Младен - Z32M кој е воедно и нивен учител а од домаќините Дими - Z33DGM, Гого - Z35GL, Игор - Z32ID, Крсте - Z35X, Венцо - Z36W, Тоне - Z36N а во саботата и неделата на кратко наминаа претседателот на радио клубот Љубе Здравков, др. Озрен - Z35T и Диме - Z35Z.

Повеќе...

WPX RTTY е втор по популарност и масовност натпревар во дигитални технологии и дефинитивно им лежи на нашите натпреварувачи. Оваа година во МУЛТИ 2 категорија македонци има на првите 2 места во светот. За да се најде на топ листата Златко Андонов - Z30A патуваше 25 часови до познатата натпреварувачка локација на Ранко Боца - 4O3A во Црна Гора, додека штипјани традиционално ја искористија нивната одлична локација на аеродромот Сушево во близина на Штип. Интересно е дека постоечкиот европски рекорд кој беше во сопственост на штипјани и двете првопласирани екипи во оваа тешка и технички многу захтевна категорија го соборија (внимавајте) - штипјани за 31 % додека екс ју тимот во Црна Гора за дури 57 %. За оние што се заинтересирани можат да го видат деталниот преглед на резултатите во пдф фајлот.

Последниот викенд во август месец беше ново искуство за Драган - K0AP (Z32XX) кој неколку години живее и работи во Канзас - САД. На покана од Роб - K0RU да активираат повеке каунти (области) во Kansas qso party, веднаш се согласи и планот беше направен. За 2 дена според планот требаше да поминат 1700 км и да активираат дури 50 области. За оваа прилика Роб купи нов форд 150 4Х4 во кое ја инсталираа потребната опрема. За експедицијата да биде што поуспешна од опрема користеа: радио уред FT-857, линеарен засилувач ALS-500, APRS радио уред, APRS антена,Tarheel HP200 антена, 2 лаптоп компјутери и друга приклучна и неопходна опрема. Но секогаш мора да има некој проблем па така линеарецот им работи како треба само на 14 МХз каде што можат да емитуват со 500 W а на другите опсези исклучува, проблем имаат и со едниот лаптоп на кој што е инсталиран ГПС за да знаат точно каде се наоѓаат - многу важно за ваков начин на активирање на области.

Патешествието на Драган и Роб во интегралниот текст на англиски јазик можете да го прочитате во пдф фајлот.

Attachments:
FileFile size
Download this file (KQSP 2010.pdf)KQSP 2010.pdf668 Kb