КБ - УКБ Активности

 

По завршувањето на  телеграфскиот дел на ARRL се договоривме да го работиме и фонискиот дел на овој натпревар во истите категории. Како добар познавач на патот до Игало во траење од 27 часа и преместувањето од воз во воз а на крај како промена и автобус се одлучив да тргнам на пат во четврток сабајле па би требало да бидам кај Ранко YT6A (сега 4O3A) во фирмата некаде околу 11 часот во петок. Патувањето беше супер, добра клапа од почетокот до крајот на патувањето што ме чинеше уште еден ден без спиење. Како што му ветив на Предо – YU7EU (сега SK) купив еден пакет лименки Скопско пиво но на патот помеѓу Ниш и Подгорица не остана ништо освен празните лименки. Во Игало стигнав малку пред 11 часот а во SKY – SAT се појавив по 12 часот.  

Комплетната репортажа за оваа контест експедиција може да се прочита во пдф документот.

406a - z32af op

Со Ранко YT6A (сега 4O3A) се запознавме преку интернет кога бараше соработници за работа на радиоаматерски интернет портал. Работата на порталот допринесе често да контактираме и тоа доведе до стартување на нов интернет портал на англиски јазик wwwcontesting.info на кој исто така имавме дневен ангажман. Честото контактирање преку електронска пошта и разговори во врска со веб страниците кои ги работевме искристализира дека имаме иста пасија а тоа се натпреварите на кб.
Во втората половина на јануари, Ранко ме покани да работам од неговата натпреварувачка локација која ја изгради на Обошник (600 м висок рид на кој ЈНА го имаше еден од најважните радарски центри и преку кој се контролира огромен дел од Јадранското море). Кога ја прочитав пораката бев пресреќен бидејки цел живот сонував да работам од место каде што има модерна опрема и големи антенски системи и веднаш одговорив дека доаѓам.

Комплетната репортажа за оваа контест експедиција може да се прочита во пдф документот.

Првиот Светски рекорд за македонски радиооператор е поставен во 2002 во CQ WPX CW 80m HP. Штипјанецот Зоран Милев натпреварувајќи се од турскиот остров Бозкада во еден од најпознатите радиоамaтерски натпревари во организација на американското списание  CQ Magazine успеа да постигне извонреден резултат. И покрај тоа што поминаа 8 години овој резултат е сеуште рекорд на Азија.

Редоследот на првите 3 натпреварувачи во светот:
  1. TA0/Z33F        1,452,552
  2. RV2FW             760,886
  3. Z39Z (Z32AF)      630,360