КБ - УКБ Активности

z39z 3 el quadКако по обичај работите кај гевгелиските радиоаматери се случуваат во 5 до 12. По иницијатив а на Златко се најдовме во ресторантот кај што работи во четвртокот навечер и веднаш падна договор во саботата да одиме на нашата натпреварувачка локација во близина на селото Селемли и таму да го прославиме 1-ви мај.
Меѓународниот празник 2004 година се совпадна точно со ARI натпреварот кој што традиционално го организира Италијанската асоцијација на радиоаматери.

Повеќе...

Македонскиот радиоаматер Владимир Карамитров - (Z35C, N3CZ итн.) ја посети Намибија специјално за најпопуларниот радиоаматерски натпревар CQ WW SSB во 2004 година. По овој повод од ресорното министерството доби специјален повикувачки знак V55V. Според правилата на овој натпревар се работи 48 часа во кои Владо успеа да одржи 3438 радио врски со 140 земји од светот и постигна резултат поголем од 5 милиони поени. Овој рекорд е се уште е важечки за зоната 38 во која се наоѓаат повеќе земји од Африка.

Повеќе...

z32af wpx cw 04Вториот по популарност радиоматерски натпревар на кратки бранови е секогаш предизвик и да се учествува но и озбилно да се работи. Последните неколку години имав добри резултати на 3.5 МХз, па затоа решив и оваа година повторно да учествувам но од просториите на радио клубот во Гевгелија. Самата местоположба на радио клубот и антената која е обичен дипол поставен пред 20-на години не овозможуваат услови за добар пласман во натпреварите, особено не во најпопуларните кај што има огромна масовност од целиот свет. Десетина дена пред натпреварот незнам што ми стана па решив да го одработам на начин на кој што работевме во минатото на личниот повикувачки знак Z32AF.

Повеќе...

z39z selemliЗа телеграфскиот дел на CQ WW WPX требаше да патувам за Црна Гора и да бидам дел од мулти сингл тимот на YT6A, но три дена пред натпреварот морав да го откажам патувањето. Бидејки бев доста зафатен во деновите кога се одржува овој натпревар преку ден единствена добра солуција беше да работам на 3.5 МХз од нашата натпреварувачка локација која се наоѓа во близина на селото Селемлија. Пред почетокот на натпреварот поставивме антени за повеќе опсези а за мене резервиран делта луп антената со која во фонискиот дел на овој натпревар поминав одлично. За разлика од фонискиот дел (последен викенд Март месец) кога времето беше како да сме на антарктик сега беше одлично, последен викенд на мај месец и моравме да бидеме многу претпазливи бидејки на локацијата врие од змии.

Повеќе...

wpx ssb 2002 ant

По одличните резултати кои ги постигна Венци Ристов Z32AF (сега Z39Z) од Гевгелија натпреварувајќи се како 4O6A  во ARRL CW SSB од локацијата на YT6A (сега 4O3A) на ред дојде еден од најголемите натпревари CQ WW WPX SSB.  За овој натпревар гевгеличаните: Венци – Z32AF, Благој - Z32RS,  Џоко - Z33A и Златко - Z33AA отидоа повторно на нивната локација во близина на Гевгелија од каде што работеа 4 оператори на 4 различни фреквенции во конкуренција на еден натпреварувач.

Повеќе...