КБ - УКБ Активности

z36wЕден од по интересните натпревари е секако и ARRL DX контестот, пред се поради големата активност на американските радиоаматери. Првичните планови беа активирање на два опсега (синглови) од кои на 7 мхз ке биде Z37M (op Z36W), а на 3,5 мхз требаше да работи Озрен -  Z35T. Спречен од работните обврски Озрен не можеше да дојде па активноста беше само на 7 МХз и делумно на 14 мхз.

Повеќе...

n0ni - k0apВо ARRL CW со Alex - KU1CW, бевме дел од M/2 тимот на N0NI super station. Tony - N0NI, и овој пат се покажа како добар домаќин и ни обезбеди услови за работа какви што само можат да се посакаат. Инаку Тони подрумскиот дел од неговата куќа го има преуредено ексклузивно за радио аматерска активност, со ППС, две спални соби за операторите, купатило, кујна, дневен престој...

Повеќе...

zclubГерманската радиоаматерска асоцијација, која лани во ноември беше домаќин на Отвореното европско првенство во одржување врски со телепринтер, вчера и официјално соопшти дека Радиоклубот "Никола Тесла" од Штип е прв во Европа. Во категоријата "повеќе оператори еден предавател" македонскиот претставник со изработени 1072 врски за 48 часа и со вкупен резултат од 2.810.752 поени е најдобар во Европа што претставува втор резултат на сите времиња и истиот е само за 3000 поени помал од светскиот рекорд.

Македонската екипа во состав: Момчило Милошев, Игор Дериволов, Озрен Спасков , Зоранчо Крстов, Венцо Стојчев и Роберто Арсов, беше неприкосновена во конкуренција на 1400 екипи од стариот континент. Зад Македонија останаа екипи со многу пософистицирана опрема, како што се екипите од Грција, Чешка, Украина, Франција , Велика Британија, Германија, Италија.

 

Натпреварите во оддржување радиоврски во етер претставуваат значајна активност на радиоаматерите.
Вакви натпревари се одржуваат секој викенд.
Секој втор викенд во месецот јули се оддржува меѓународниот кусобранов натпревар “IARU HF CHAMPIONSHIP” во организација на Меѓународната радиоаматерска унија – ИАРУ, во која што членува и Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
По неколкугодишна пауза, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија во 2009 година настапи со екипа од повеќе искусни радиооператори кои што од неколку локации во Република Македонија се натпреваруваа во категоријата на HQ станици, односно станици кои што го претставуваат седиштето на националната радиоаматерска организација. За оваа намена беше користен и специјалниот повикувачки знак Z30HQ.

Учесниците за период од 24 часа колку што трае натпреварот оддржуваа радиоврски со радиоаматери од што е можно повеќе различни локации во светот.
Се работеше на шест кусобранови фреквентни опсези (160, 80, 40, 20, 15 и 10 м)
Со употреба на емисиите CW – телеграфија (морзеова азбука) како и Phone -  фонија (употреба на говор)

Покрај постојните антенски инсталации беа поставени и други антени, главно со насочено дејство. Опремата што се користеше е од радио клубовите, како и од радиоаматери поединци.
Досега македонските радиоаматери на вакви меѓународни кусобранови натпревари повеќепати се имаат пласирано на врвот од табелата и поставувале континентални и светски рекорди.

Денеска во општина Штип градоначалникот Панде Сарев додели признанија на најдобрите спортисти. За прв пат е доделено и признание на радио аматер за врвно достигнување во светски натпревар. Зоран Милев го доби ова признание за поставување на нов светски рекорд во натпревар кој се одржува преку радио бранови. За да го постигне овој голем успех тој за земја од каде ќе се натпреварува ја избра Тунис. Ова е втор светски рекорд на Зоран во истиот натпревар, првиот беше поставен во 2002 година натпреварувајќи се од турскиот остров Бозкада. Дека во Штип радио аматерските натпревари се сметаат како спортска дисциплина е и признанието што му го додели и сојузот на спортови од истоимениот град.