КБ - УКБ Активности

z37m susevoНеколку години наназад ова натпреварување на кратки бранови не будеше некој голем интерес за работа, освен некои поединечни активности на некои членови. Оваа година учеството во истиот беше еден вид едукациски за нашите нови членови од примопредајната секција во средното училиште “Коле Нехтенин” - Штип.

Како по обичај, петокот ни е ден за местење на антените за ниските бандови. На локацијата бевме: Z35X - Крсте, Z35GL - Гого, Z33DGM - Дими и Z36W – Венцо. До попладнето сите антени беа наместени и спремни за работа, Inv.Vee за 1.8 Mhz, Делта луп за 3.5 Mhz, Боб Таил и 2 X Вертикалки за 7 mhz.

Повеќе...

f4bkvПо неколку месечни договарања францускиот радиоаматер Винсент - F4BKV одлучи да ја посети Македонија. Главна цел на посетата беше учество во "Russia DX Contest", од локацијата на Z37M. Престојот на Винсент во Штип беше многу краток, само 48 часа. Винсент дојде во петокот околу 15 часот а во истото време си замина во неделата. Запрашан од каде му е идејата да работи натпревар од Македонија, тој објасни дека повеќе години наназад редовно работи во радиоаматерските натпревари најчесто RTTY и SSB каде што ги приметил резултатите на Z37M, па од тие причини дошол на идеја да Рускиот натпревар да го работи од Македонија.

Повеќе...

z37m - lokacijaПо две годишна пауза од овој натпревар, решивме оваа година малку да се контестираме и пак да го осетиме филингот на Топ бандот ! Очекувавме до овој натпревар да биде готов барем еден од помоќните линеари ама ... за жал не бидна тоа па се задоволивме со Акомот на Докторот со некои 700/800 w. Планот беше и поставување на "Inv - L", неколку бевериџа ама ладното време не одврати од тие намери, па останавме само со "Inv-Vee".

Повеќе...

Меѓународните натпревари на кратки бранови се одржуваат секој викенд но само за неколку од нив илјадници радиоаматери се подготвуваат специјално а многумина патуваат на различни места во светот да учествуваат и да постигнат што подобар пласман во овие натпревари. Во Европа постојат десетина натпреварувачки локации кои овозможуваат врвни пласмани, една од тие локации се наоѓа во Црна Гора и е во сопственост на Ранко Боца, во радиоаматерскиот свет познат како 4О3А (порано YT6A).

Повеќе...

skrseni vertikalki za 3.5Желбата по трет пат да победиме во годинешниот  “WAE RTTY “не се оствари, иако ова беше нашиот досега најдобар резултат во овој натпревар. Занесени од бројот на врските кои се работеа во текот на натпреварот малку попуштивме во делот на барањето на QTC-а и нови множители. WAE RTTY  беше во календарот на нашите учества на натпревари за оваа година во кои влеговме со сериозни амбиции за највисок пласман. Главна поставена цел беше по трет пат да победиме во категоријата M/S, повеќе оператори – еден предавател.

Повеќе...