КБ - УКБ Активности

den na drvoto logoРадиоаматерскиот сојуз на Македонија се вклучи во акцијата Ден на дрвото – Засади ја својата иднина со популаризација на истата преку одржување радиоврски со радиоаматери од целиот свет со употреба на специјално издадениот повикувачки знак Z300D.

Активноста се спроведува на кусобрановите фреквентни подрачја и во истата се вклучени радиооператори од неколку градови.

Повеќе...

n3czВладо направи повеќе снимки од наши радиоаматери како работат на кратки бранови. Овде можете да слушнете како звучат радиоаматери од Штип и Гевгелија во Соединетите Американски Држави. Снимките се направени во текот на CQ WW WPX SSB натпреварот кој се одржа последниот викенд од Март месец ова година.

Повеќе...

wpx rtty 2010 - rezultatПо неколку годишна пауза радиоаматерите од Штип одлучија повторно да работат во најтешката категорија Мулти - Мулти. Главна причина за ова одлука беа младите членови на овој радио клуб да добијат прилика за што повеќе работа на радио станица за време на овој натпревар.

Овој пат осум радио оператори го сочинуваа тимот но повеќемината не можеа да бидат присутни во текот на сите 48 часа колку што трае овој натпревар. Во текот на натпреварот им се случија технички и софтверски проблеми но благодарение на добро обучените членови на клубот овие ситуации беа релативно лесно и брзо решавани. Натпреварот го завршија со најдобар нивни резултат досега во најтешката или популарно наречената (абсолутна) категорија.

Повеќе...

wpx rtty 2010 - z36n na 3.5 mhzЈапонското радиоаматерско телепринтерско друштво деновиве ги објави резултатите на натпреварот што го организираа заедно со јапонскиот огранок на CQ Magazine 2009-та година.
Плакетата за освоено прво место во светот наскоро ке пристигне во Македонија кај Тоне Петров - Z36N, кој што одработи 1895 врски во категоријата - еден оператор, сите опсези.

Повеќе...

z33a - kup srj

Во најзначајниот натпревар на нашиот северен сосед "КТ КУП СРС" редовен учесник е радиоаматерот од Гевгелија Џоко Андонов - Z33A. На покана од тимот (Нови Сад) зеде учество во категоријата" Тимови" и за нив одработи 240 врски и им донесе 8000 поени.
Натпреварот се одржа на 18 септември 2010 на фреквенција од 3.5 МХз.