Галерија Видео

Во 2002 година Хране Z32A/YT1AD ја организираше неговата најголема експедиција на островот Baker од каде што дотогаш се немаше огласено ниту еден радиоаматер. Поучен од искуствата стекнати на претходните експедиции овојпат ништо не беше препуштено на случајот од техника до тим на прекалени радиоаматери. Експедицијата заврши со феноменален резултат - 95.127 врски беше бројка која што не беше достижна за ниту една дх-педиција претходно. Видео материјали снимени од членовите на оваа експедиција кои се поставени на интернет можете да погледнете тука:

Кратко време по пријавувањето на светски рекорд во CQ WW WPX RTTY - 2009 та година во мулти сингл категорија еден од учесниците на овој извонреден успех Драган 4О4А, направи видео презентација која можете да ја погледате овде.

Младите радиоаматери од Кавадарци се многу активни на кратки бранови. Видео материјалот е снимен додека одржуваат врски со радиоаматери од Европа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видео материјал снимен за време на најпознатиот светски радиоаматерски натпревар од радиоматерот Златко Андонов со повикувачки знак Z30A. Локацијата е близу Виница и е во сопственост на Звонко Стаменков - Z35W каде што е поставена одлична антена (4 Square) за 7 Мхз изработена по проект на белгискиот радиоаматер Џон Деволдере - ON4UN.

Во 2008 година од 14 до 29 Мај, Зоран Милев (Z33F) и  Момчило Милошев ( Z31MM) беа на експедиција во Тунис. Главната цел беше да се учествува во два натпревари на кратки бранови (EU PSK и CQ WW WPX CW) од радио клубот со повикувачки знак 3V8SS.
Од домакинот Халим беа одлично пречекани и на располагање им беше ставен клубот со сите негови ресурси и луѓе.
Активноста на радио станица беше претежно на RTTY и PSK и се работеше на сите фреквенции освен на 160 м каде што радио клубот не поседуваше дозвола за работа.

Повеќе...