QSL биро инфо за 2008 година

Печати
PDF

По добивањето на изработката на извештајот за работата на QSL бирото за период 2005-2008 година, во прилог ви го доставувам целиот извештај во кој се гледа севкупната работа за овој период. Според табеларниот преглед, во овој период се пристигнати QSL карти со тежина од 257.69 кг, а за поштенски трошкови се потрошени 9.800,00 денари. Како депозитни средства од 25 радиоаматери се дадени 5.000,00 денари, а вкупните долгувања кон QSL бирото изнесуваат 6.699,00 денари.

Во рубриката должи кај 15 радиоаматери не е запишана никаква сумаод причина што овие лица имаат сеуште позитивно салдо. За инфо според добиените QSL картички и реалните трошкови, цената на 1 гр изнесува 0.038 ден. На овој начин секој може да го провери износот кој е ставен во неговата колона

Би ги замолил сите радиоаматери кои имаат неподмирен долг кон QSL бирото да го направат тоа до 30.11.2009 година на сметка на РСМ.

Со почит

Претседател на РСМ

Звонко Стаменков – Z35W