Со какви активности се бават радиоаматерите ?

Печати
PDF
Радиоаматерите се заниваат со широк спектар на активности. Најстарата радиоаматерска специјалност е самоградба на радио-уреди, помошни уреди и антени, и експериментирање со нив.
Одржувањето радиоврски со други радиоаматерски станици од сопствената земја и од странство е најчеста, и секојдневна активност на аматерските радио-оператори.
Радиогониометријата, или како што е популарно наречена уште и како "лов на лисици" е техничко-спортска дисциплина која што се состои во откривање и пронаоѓање на сокриени радиостаници со цел за за бава и натпреварување.