Кој се може да биде радиоаматер?

Печати
PDF
Секој може да биде радиоаматер без разлика на пол, возраст, раса, етничка припадност и занимање. Меѓу радиаоматерите ќе сретнете: наставници, лекари, инжењери, продавачи, земјоделци, таксисти, правници, воени лица, полицајци, електричари, ученици, студенти, свештеници, политичари, новинари, актери, музичари, занаетчии, домаќинки, пензионери, понекој претседател на држава, крал, шеик и др.
Услов е да се има положено испит за некоја од радиаматерските специјалности, најчесто за аматерски радиооператор, како и да се поседува соодветна техничка опрема. Изучувањето на морзеовата азбука веќе не е услов за да се стане радио-аматерски оператор.
Радиоаматеризмот во Република Македонија има традиција од преку шест децении. Денес во светот има неколку милиони радиоаматери. Најголемиот број од нив се наоѓаат во САД, Германија, Јапонија, Русија, Велика Британија, Франција, Украина, Шпанија, Полска, Чешка, скандинавските земји, и др.