Што е радиоаматеризам ?

Печати
PDF
Радиоаматеризмот е хоби чии што почетоци датираат уште пред повеќе од сто години. Под "аматеризам" нетреба да се подразбира нестручноост, туку тоа само означува дека станува збор за бавење со радиокомуникациите како хоби, заради лично задоволство, и без мотив за лична материјално-финансиска заработка. Не е мал бројот на радиоаматерите кои што истовремено се врвни професионалци во областа на електрониката, радиокомуникациите, информатичката технологија, и други области.
Со текот на времето радиоаматеризмот претрпувал промени главно сврзани со развојот на технологијата, но неговата суштина останала иста.