На изборното  Собрание одржано на 20.11.2016 со почеток во 10 часот во просториите на АМСМ во Скопје  беше избран новиот претседател и органите кои ќе го раководат сојузот во следните 4 години. На собранието приствуваа 25 делегати од 13 радио клубови и 2 листи на индивидуални членови.

После изборот на телата кои ќе раководат со Собранието и верификационата комисија која беше задолжена за спроведување на изборот обраќање и излагање имаше поранешниот претседател Звонко Стаменков кој го изнесе се досега сработеното и го презентираше финансискиот план.

До РСМ беа пристигнати две кандидатури и тоа од Жарко Колевски и Миле Кокотов. Пред да започне претставувањето на кандидатите за претседател беше соопштено дека кандидатот Жарко Колевски ја повлекува својата кандидатура,  така што обраќање имаше  само кандидатот Миле Кокотов.

После изнесувањето на својата програма Миле Кокотов едногласно беше избран за претседател на РСМ. После тоа следеше избор и на Извршен и Надзорен Одбор.

Новото раководство на РСМ го сочинуваат

Претседател: Миле Кокотов (Z33T)

Извршен одбор: Димитар Поповски (Z32EA), Златко Андонов (Z30A), Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев (Z33RW), Тодор Тодоровски (Z31RM), Доне Кочоски (Z32KF) и Звонко Стаменков (Z35W)

Надзор одбор: Љубиша Спасоски (Z34BTR), Дејан Вукановиќ (Z31CW), Јованчо Јовановски (Z32TE).