Артикли

F4BKV во Штип

f4bkv По неколку месечни договарања францускиот радиоаматер Винсент - F4BKV одлучи да ја посети Македонија. Главна цел на посетата беше учество во "Russia DX Contest", од локацијата на Z37M. Престојот на Винсент во Штип беше многу краток, само 48 часа. Винсент дојде во петокот околу 15 часот а во истото време си замина во неделата. Запрашан од каде му е идејата да работи натпревар од Македонија, тој објасни дека повеќе години наназад редовно работи во радиоаматерските натпревари најчесто RTTY и SSB каде што ги приметил резултатите на Z37M, па од тие причини дошол на идеја да Рускиот натпревар да го работи од Македонија.

Винсент иако релативно млад радиоаматер досега има посетено голем број земји во светот од каде што работел на радиоаматерските фреквенции - меѓу кои Хонг Конг, Макао, Виетнам, Тајланд, Реунион итн.

До почетокот на натпреварот Винсент го искористи да работи како Z38/F4BKV и најмногу се задржа на WARC опсезите. Натпреварот го работеше под клубскиот знак на радио клубот од Штип - Z37M во категоријата Single Op/ All Bands SSB и според постигнатиот резултат со сигурност ке се најде во првопласираните десет радиостаници во светот.

 

Задоволството од учинокот беше очигледно, а по завршувањето на натпреварот имаше време само за една пастрмајлија по што Винсент си замина со најава дека наскоро пак ке ја посети Македонија.

                               

                     

                          

 

Вие сте на: Почетна