На ден 16.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Бункери на сртот на планината Водно, WCA реф. Z3-00013.
За период од еден час со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 5 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 4,5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 31 телеграфски радио врски.