mk vodno invНа ден 15.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Маркови Кули на падините на планината Водно, WCA реф. Z3-00009.
За период од час и половина со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 7 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 59 телеграфски радио врски.