Во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA - World Castles Award, радиоаматерот Владо, Z35M на ден 09.01 2011 год. по прв пат реализираше активирање од битолско Тумбекафе во близина на археолошкиот локалитет Хераклеа, во чија што непосредна близина се наоѓаат остатоци од тврдината Бутела, WCA реф. Z3-00012.
За период од три часа воспоставени се вкупно 53 CW QSOa на 20 м и 30 м опсег со употреба на батериски напојуван K1 со максимална излезна моќност од 7 W, и Inv Vee дипол антена подигната на 5 м висина.