wpx rtty 2010 - rezultatПо неколку годишна пауза радиоаматерите од Штип одлучија повторно да работат во најтешката категорија Мулти - Мулти. Главна причина за ова одлука беа младите членови на овој радио клуб да добијат прилика за што повеќе работа на радио станица за време на овој натпревар.

Овој пат осум радио оператори го сочинуваа тимот но повеќемината не можеа да бидат присутни во текот на сите 48 часа колку што трае овој натпревар. Во текот на натпреварот им се случија технички и софтверски проблеми но благодарение на добро обучените членови на клубот овие ситуации беа релативно лесно и брзо решавани. Натпреварот го завршија со најдобар нивни резултат досега во најтешката или популарно наречената (абсолутна) категорија.

Користена опрема:
Уреди: FT-990, FT-1000mp, IC-745, TS-850
Засилувачи: од 400, 500 и 700 W
Антени: 80m - 2 phassed verticals, 40m - 2 X Bob tail, 20m - 4 ele. yagi, 15m - 5 ele. yagi, 10m - 5 ele. yagi