z3-s56Во периодот од 15 до 17. септември 2010 година, словенечкиот радиоаматер Бојан, S56LXN, за прв пат активираше неколку SOTA планински врвови во Македонија.

Во скопскиот регион ги активираше врвовите Крстовар - Z3/WM-046, Црн врв - Z3/EM-011 и Катлановко Блаце - Z3/EM-014, во пелагониската котлина Тополчански рид - Z3/WM-048 , и Горенска чука - Z3/WM-044 во близината на Охрид.

Сите 61 SSB радиоврски се воспоставени на 7 MHz со употреба на FT-817ND, LiPo батерија, Inv-Vee дипол, и 10 м рибарски стап како носач на антена.
Бојан е водечки активатор од планински врвови во Словенија со досега реализирани преку 180 SOTA мини-експедиции.