k5go_mixНа покана од Stan - K5GO решив за CQWW CW да работам од неговата локација. Тоа е во државата Арканзас на околу 4 часа возење од кај мене. Претходно доста луѓе ми имаат кажувано за оваа локација и сите збореа во суперлативи не само за опременоста на истата туку и за гостопримството и фините луѓе така да не ми требаше многу мислење за да ја прифатам понудата. И така петок сабајле пред контестот ја ,,летнав,, за Арканзас, преку Мисури. Местото се вика Харисон и е скоро на самата граница со Мисури на северо западниот дел од Арканзас.

Целиот тој предел одкако ќе се доближиш на едно 30-40 км од Харисон ме подсеќа на нашиот крај, ридче-долче терен со убави пејсажи, нешто што не може да се види во рамниот како Овче Поле, Канзас. Ми се виде доста интересен предел. Stan - K5GO ме пречека пред еден ресторан каде што претходно се договоривме да се чекаме во самото градче (неколку илјади жители) и тука седнавме да ручаме на брзина со уште неколку оператори кои што се дел од екипата меѓу нив и Kevin - N5DX син на Stan - K5GO и после сите тргнавме кон локацијата. Таа е надвор од градот на една планина, повеќе може да се нарече висок рид отколку планина (на околу 1000м надморска висина) нешто како да се качиш на Калаузлија на Плачковица од каде што работевме контести едно време. ППСот е мала куќичка на еден спрат со неколку спални соби, кујна, туш кабина и една долга просторија каде што е сместена опремата.

Антенскиот систем се состои од неколку столба од кои највпечатлив е оној 45 метри со 5el Yagi за 40м како и два други столба од по 40-на метриk5go 5_element_40m_yagi_20090613_1326594788 на кои се закачени бимовите за 14 МХз фиксирани во правец на Европа. Претходно се договоривме јас да го држам 7 МХз заедно со KM5G - Chuck. Контестот го почнавме солидно, уште првата ноќ рабтени се 39 зони на 40м и преку 120 земји. Со број на врски не стоиме баш најдобро по првите 15 часа од натпреварот  меѓутоа се надеваме дека тоа ќе се подобри наредниот ден. Не треба да напоменувам дека во pileup сме меѓу првите кога треба да се работи мултиплаер. Stan има инсталирано скимери кои детектират кога ќе се појаве нов множител така да ние сме на фреквенција и го повикуваме множителот многу порано пред да биде спотиран на кластерот. Оваа можност е огромна предност и сите овие големи контест станици не можат повеќе да замислат да работат без скимер.

Впечатливо беше како работеше антената во правец на Јапонија. Се сеќавам дека некој во нашиот клуб тука во KCDXC кажа дека јапонците изгубиле интерес за контести и се помалку ги има на бандовите. Може донекаде држи оваа констатација меѓутоа јас оволку јапонци не сум работил да се собере севкупно во мојот живот (не буквално). Целиот товар на 40м практично падна на мој грб. KM5G ловеше некои множители за мене меѓутоа проблемот е во тоа што додека тој повикува множител јас неможам да викам CQ така да во многу случаи ми ја земаа фреквенција и морав да барам друга што не беше така лесно да се најде. Така да, втората вечер решив сам да си барам множители на второто VFO од примопредајниот уред K3 а во исто време и да викам CQ што се покажа како доста добра комбинација. Освен бимот за 40м има поставено и 3el Quad насочен спрема Јапонија и Африка на преклопување кој што работеше многу добро посебно спрема ЈА. Бевериџите се составен дел на секоја сериозна контест локација така и не треба да споменувам дека ги има поставено во неколку правци.

Сума сумарум, работени се околу 1450 врски, 150 земји и 39 зони. По завршетокот на натпреварот видов дека некои ја работиле и 34-та зона а јас воопшто не видов на кластерот да се појави некој од Египет или Судан. Домаќините беа презадоволни од мојот учиноок како дел од екипата и ме повикаа да им се придружам веќе во наредниот контест во М/М категорија а тоа е ARRL CW во Фебруари што најверојатно и ќе го направам. Во продолжение неколку слики од локацијата.

                cq ww k0ap at k5go     cq ww k5go antennas