Во 2002 година Хране Z32A/YT1AD ја организираше неговата најголема експедиција на островот Baker од каде што дотогаш се немаше огласено ниту еден радиоаматер. Поучен од искуствата стекнати на претходните експедиции овојпат ништо не беше препуштено на случајот од техника до тим на прекалени радиоаматери. Експедицијата заврши со феноменален резултат - 95.127 врски беше бројка која што не беше достижна за ниту една дх-педиција претходно. За оваа експедиција еден од учесниците Сречко Морич - YU1DX, напиша мала книга а снимени се и неколку видео материјали. Во интернационалниот тим од Македонија учестуваа Хране Милошевиќ - Z32A/YT1AD, Моме Димовски - Z32ZM и Владо Карамитров - Z35C/ZS6MG.