pesak 3Последните неколку месеци Владо - Z35M постојано изненадува со неговите активирањa од најразлични локации.
На 09.09 2010 за прв пат во Македонија работеше како пешак мобил на кратки бранови и тоа од врвот на Водно. За да го реализира овој несекојдневен потфат малку ја измени опремата со која досега активираше многу врвови, тврдини и национални паркови во државата. Со овој начин на активирање бројот на одржани радиоврски не е во преден план, но, и покрај тоа, Владо под свoјот повикувачки знак Z35M/PM за еден час на 20 метарскиот опсег успеа да реализира 20 контакти, и тоа на CW, со радиоаматери од повеќе земји, а првата историска радиоврска е одржана со украинецот Мајк - UR5IF/qrp.

Користена опрема:
К1, напојуван со 12 V, 0,8 A батерија, излезна моќност од 1 W до 7 W, Bull Dog mini paddle, вертикална антена со должина од 5,3 м подржана од 5 м рибарски стап прицврстен на ранецот и еден радијал од 5,3 м кој слободно се влечеше по земја, а за подесување користен е автоматски антенски прилагодувач LDG Z100.

Бидејки ова е уникатна активност и во светски рамки Владо заслужува честитки за снаодливоста и упорноста.