scc rtty 5По неколку месечни договарања последниот викенд на Август конечно се реализира заедничка активност во SCC RTTY -2010 помеѓу младите радиоаматери од Кавадарци и Штип. Во петокот на Сушево за првпат дојдоа Вељан - Z32AJA, Кире - Z33BMW и Коле - Z30KNA заедно со ветеранот Младен - Z32M кој е воедно и нивен учител а од домаќините Дими - Z33DGM, Гого - Z35GL, Игор - Z32ID, Крсте - Z35X, Венцо - Z36W, Тоне - Z36N а во саботата и неделата на кратко наминаа претседателот на радио клубот Љубе Здравков, др. Озрен - Z35T и Диме - Z35Z.

Главната цел на ова дружење беше учеството во SCC RTTY натпреварот кое се одржува на кратки бранови што за младите кавадарчани беше прво учество на натпревар во кој се работи со дигитален начин на работа - RTTY.
Во саботата пред почетокот на натпреварот во 14 часот на гостите од Кавадарци им е одржана кратка обука како се работи во овие натпревари. За време на натпреварот се одработени 1015 врски и освоени се преку 500.000 поени. Резултатот е одличен и се очекува заедничкото учество на кавадарчани и штипјани во овој натпревар да  резултира со пласман меѓу првите 3 во светот во категоријата во која зедоа учество.