Радиоамaтерот од Битола, Тодор Тодоровски – Z31RM  во 2009 година  ја оствари првата радиоаматерска врска на опсегот од 6 м (50 MHz)  со одбивање на сигналот од површината на месечината (Earth – Moon – Earth: E-M-E).
Радиоврската е оддржана со претходно закажување со американскиот радиоаматер R. Lance Collister  -  W7GJ од сојузната држава Монтана, кој во оваа прилика користел предавател со моќност од 1,5 KW и антенски систем составен од 4 х 9 елементи Yagi за 50 MHz, додека Тодоровски за оваа прилика користел скромна опрема составена од 6 елементeн Long Yagi за 50 МHz, подигнато на јарбол висок 6 м, и моќност на предавателот од само 200 W.

Користен е дигиталниот вид на емисија ЈТ65 кој е многу погоден за декодирање при слабеење на сигналот дури до вредности од минус 32 Db. Како погодна локација за оддржување на радиоврската бил одбран спортскиот аеродром во близина на Битола, додека американскиот радиоаматер работел од својата добро опремена домашна локација.
Oддржувањето на радиоврски со одбивање на сигналот од месечината e  eдна од специјалностите на битолските радиоаматери, така што уште од порано од локацијата на радио клубот „Стево Патакот“ во центарот на Битола се оддржувани Е-М-Е радиоврски на опсегот од 2 м (144 MHz).